0 C
Skopje
Thursday, March 4, 2021

Грчките спасувачи извлекоа две живи лица од урнатините по земјотресот во Албанија

Најчитани вести

Двете специјални единици за справување со катастрофи на грчката противпожарна служба, кои се наоѓаат на две различни локации во Албанија, во текот на вчерашниот ден од урнатините спасија 45-годишна жена и 24-годишен маж, јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно, како што соопштија рано утрово од противпожарната служба на Грција, едната единица е во градот Тумана, околу 15 километри северозападно од Тирана, каде што од урнатините, беше извлечена жива 45-годишната, но и една мртва жена.

Другата спасувачка единица е во Драч, кадешто жив беше извлечен 24-годишниот маж.

Од Противпожарната служба на Грција соопштуваат дека акцијата за спасување продолжува.

Грција вчера со авион C-130 на военото воздухопловство од Атина во Албанија испрати 27 лица од Специјалната единица за справување со катастрофи на грчката противпожарна служба, кои со две кучиња спасувачи и специјална опрема им помагаат на албанските власти, додека пак од градот Јанина заминаа 15 лица со специјални противпожарни возила.

Како што синоќа објави МИА, шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама беа на местото каде што интервенираа грчките спасувачки единици во урнат објект во Драч.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести