9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Грчкиот Парламент вечерва ќе гласа за буџетот за 2020 година

Најчитани вести

Со говори на лидерите на политичките партии и на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, вечерва на полноќ завршува петдневната расправа во грчкиот Парламент за буџетот за следната година, по што ќе следи гласање на пратениците, јави дописничката на МИА од Атина.

Буџетот веќе доби зелено светло од надлежната комисија за економски прашања, откако претходно министерот за финансии на Грција, Христос Стајкурас кон крајот на ноември му го достави на претседателот на грчкиот Парламент.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, согласно буџетот, трошоците за 2020 се предвидува да достигнат до 57,16 милијарди евра, за 722 милиони повеќе во споредба со предвидувањата за тековната година, додека пак нето приходот на државниот буџет предвидено е да изнесува 54,71 милијарди евра, 0,8% повисок во однос на процените за 2019 година

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com