Грчката владеачката партија отворено размислува како да се ослободи од договорот од Преспа

    0

    Владејачката грчка партија размислува како да се ослободи од Договорот од Преспа – опозицијата бара актуалениот претседател на Владата да заземе став за позицијата на екс премиерот на Грција за Договорот од Преспа.

    Преспаснкиот договор е штетен и неприфатлив – сега политичкото прашање, според поранешниот грчки премиер Андонис Самарас – познат по националиситчката реторика во однос на Македонија – Е како земјата да се ослободи од договорот без да ја плати цената.

    „Политичкото прашање е како ќе се ослободиме, без да ја платиме цената. И ова не е лесно, бидејќи не може да се случи преку ноќ, бидејќи станува збор за договор што не оди напред, ниту внатре, ниту надвор, ниту на Балканот, ниту во Европа. Го разбирам она што го кажува премиерот дека не можеме да се ослободиме од овој договор преку ноќ, бидејќи така сакаме. Засега, ние мора да ја заштитиме Грција од негативните последици од договорот, да ги искористиме сите проблеми што ги создава и сите негови слабости, а пред сè, да ја зајакнеме Грција и нејзината преговарачка позиција, за потоа да можеме да постигнеме, земјата да биде оправдана, целосно оправдување на Македонија и нејзиниот грчки карактер, од кое не се откажуваме и немаме право да се откажеме.“ – изјави Андонис Самарас – Нова Демократија.

    Поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас, коментирајќи ги изнесените позиции на поранешниот премиер на Грција Андонис Самарас, вели не може некој во еден момент да зборува за предавнички договор, потоа да кажува дека ќе го почитува или сега да бара да се повлече како што вели Самарас, затоа, господинот Мицотакис мора да заземе јасен став.

    „Може ли тој самиот и неговата влада да го гарантираат овој договор? Го почитува овој договор, како што рече госпоѓа Бакојани, и ќе се придржува до него или Грција ќе треба се откаже затоа што не оди напред, како што побара господинот Самарас? Бидејќи ако Нова демократија, а главно владата, не разјасни дека може да го гарантира спроведување на Договорот од Преспа, тогаш остава широк отворен прозорец за дестабилизација, не само на регионот, што веќе постои, источно и југоисточно, туку и на северот на земјата. И тоа е голема национална одговорност.“ – изјави Алексис Ципрас – СИРИЗА.

    И додека Самарас, во своето обраќање на 13-тиот конгрес на Нова Демократија – појаснува оти Атина од самиот старт направила отсапки – а скопските и натаму висат, бидејќи се уште не се започнати преговорите со ЕУ – шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас вели одлуката за преговори за Северна Македонија и Албанија не треба да се забави поради дискусијата за методологијата.

    Дендиас во своето интервју за весникот „То вима“ во однос на француските позиции додава дека Грција ги поддржува – во однос на можноста за раздвојување на европскиот пат на Македонија и Албанија, шефот на грчката дипломатија објаснува дека Грција сака двете земји, заедно да одат напред.