-6.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Грција се закани: Ќе бидеме безмилосни кон оние кои фалсификуваат сертификати

Најчитани вести

Грчкото Министерство за здравство денеска изјави дека ќе биде безмилосно кон оние што користат лажни ковид-сертификати и оние што ги издаваат.

Според заменик-министерката за здравство, Мина Гага, ова особено се однесува на вработените во здравствениот систем.

„Лажните сертификати се проблем што многу ни пречи. Засега ги има малку, па може да се провери“, рече Гага и предупреди дека во случај на измама ќе бидат преземени сите законски мерки, пренесе „Катимарини“.

Таа прецизира дека се издадени наредби за испитување на сите случаи, особено откако стапил на сила Законот за задолжителна вакцинација на здравствените работници.

Проблемот со лажни потврди се најде во центарот на вниманието на почетокот на месецов кога беше откриено дека вработен во центар за вакцинација во градот Кардица се пријавил на платформата на таа институција користејќи лозинка од доктор и издал 44 лажни сертификати.

Оттогаш, такви случаи се повторуваат секојдневно, а неколку медицински работници веќе се суспендирани.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com