15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Грција сака напредок во интегративниот процес на Северна Македонија

Најчитани вести

Грција сака да има напредок во интегративниот процес на земјите од Западен Балкан и во оваа рамка и да се свика првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, а за Албанија доколку се исполнат поставените критериуми, изјави портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану на денешниот брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина.

Папајоану ги повтори изнесените ставови на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, како за време на средбата со неговиот хрватски колега минатата седмица, така и со шефот на португалската дипломатија пред два месеци во однос на европерспективата на регионот.

– За ова прашање имаше темелен разговор меѓу министерот за надворешни работи и неговиот хрватски колега и потенцираа дека интегративниот процес на Западниот Балкан во Европската Унија не треба да заостане. Тоа не е прашање кое треба да се занемари и да потсетам дека ова беше едно прашање кое Дендиас го покрена на средбата со неговиот португалски колега во јануари, кога беше во Лисабон и кога разговараа за приоритетите на португалското претседателство, Дендиас му рече дека нешто што во секој случај треба да се направи во овие шест месеци е процесот да оди напред. Да не изгледа дека е заглавен и не продолжува. Треба да има динамика, истакна портпаролот на грчкото МНР.

Западен Балкан ќе биде меѓу тековните теми на следниот Совет за надворешни работи на Европската Унија в понеделник во Брисел, но не како засебна тема на дискусија.

Шефот на грчката дипломатија Дендиас завчера имаше телефонски разговор со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, на кој според Папајоану, станало збор за последиците од пандемијата врз прашањата поврзани со проширувањето на ЕУ и европското соседство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести