15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Грција повторно ги отвора продавниците и покрај големиот број мртви и заразени од коронавирусот

Најчитани вести

Грција објави дека повторно ќе ги отвори повеќето продавници и ќе ги олесни рестрикциите околу слободното време и покрај сè уште високиот број на заразени и умрени од ковид-19.

Помошник министерот за цивилна заштита Никос Хардалијас кажа дека сите продавници за малопродажба ќе бидат повторно отворени во понеделник, освен големите продавници и трговските центри.

Движењето со автомобил ќе биде дозволено за кратки релации за време на викендите, за семејства и групи до три лица, за вежбање или активности на отворено, додаде тој на конференција за новинарите.

Дозволувајќи им на Грците да се опуштат надвор од своите домови сега кога се подобрува времето владата се надева дека од тоа ќе има корист на здравствено, социјално и економско ниво, додаде функционерот.

Во последните 24 ласа во Грција умреле 76 луѓе од ковид-19, а над 3.600 се заразени.

Вкупно земјата забележала над 260.000 случаи на ковид-19 и 8.093 умрени од почетокот на пандемијата. Над 700 луѓе се наоѓаат во моментов на интензивна нега.

Грција, која го поддржува воведувањето европски пасош за вакцинираност, се надева дека ќе може да ја почне својата туристичка сезона на средината на мај и да ги оствари неопходните приходи.

Во Грција досега се дадени околу 1,6 милиони дози вакцини, а над 580.000 луѓе добиле втора доза.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести