15.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Грција ни испраќа 20.000 вакцини „АстраЗенека“

Најчитани вести

Вакцините кои Грција ги најави за Македонија, утре наутро се очекува да пристигнат во Скопје, дознава дописничката на МИА од Атина.

Информацијата на МИА од Атина ја потврдуваат и од Скопје, а како што и најавија пред две седмици и министерот Венко Филипче и портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, од јужниот сосед ќе стигнат 20.000 дози од „АстраЗенека“.

На почетокот на месецов, Пелони одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на редовниот брифинг со новинарите, потврди дека Грција, во координација со Европската Комисија, ќе испрати по 20.000 дози од вакцините за Северна Македонија и Албанија, откако претходно, министерот за здравство Венко Филипче откри дека земјава очекува 70.000 дози од вакцините, од кои 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција.

Од Атина, денеска за Албанија беа испратени 20.000 вакцини „АстраЗенека“, а утре наутро ќе пристигнат и во Скопје.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести