Грција во изминатите денови се мобилизираше за да испрати порака дека ќе
се бори за продолжување на проширувањето, но и за да ја поддржи целта
на реформите на Западен Балкан, вели професорот од Универзитетот
„Македонија“ во Солун, виш научен соработник и шеф на одделот за ЈИЕ во
фондацијата за надворешна политика „ЕЛИАМЕП“ Јанис Армаколас за МИА.
Во разговор со дописничката на МИА од Атина тој објаснува дека Грција
сама, не можеше да стори ништо за да го спречи француското вето, но
коментира дека сега, грчката дипломатија одново се активира за ЕУ
перспективата на Западен Балкан.