1.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Грција: Мигрантите ќе се сместуваат во туристички капацитети

Најчитани вести

За сместување на граѓани на трети земји, баратели на азил, Министерството за цивилна заштита на Грција, објави повик за добивање понуди за изнајмување туристички објекти и станбени комплекси.

Министерството бара понуди за хотели, хотелски комплекси, опремени соби -апартмани, организирани туристички кампови со бунгалови и слично со најмалку 20 кревети и станбени објекти со квадратура што може да обезбеди сместување на најмалку 20 лица, низ цела Грција, со исклучок на северниот и јужниот дел на Егејското море.

Закупот е за шест месеци, со можност за продолжување за уште шест месеци од страна на Министерството.

Повикот од Министерството за цивилна заштита на Грција, кое е надлежно за мигрантското/бегалското прашање, доаѓа во период кога голем дел од грчките острови се пренатрупани со бегалци и мигранти, бројка што е неколку пати поголема од предвидениот капацитет на прифатните центри

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com