11.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Грција испрати во Албанија две единци со кучиња спасувачи и специјална опрема

Најчитани вести

Со авион C-130 на военото воздухопловство, со две кучиња спасувачи и специјална опрема, 27 лица од Специјалната единица за справување со катастрофи на грчката противпожарна служба, заминаа од Атина за да им помогнат на албанските власти, додека пак од градот Јанина со специјални противпожарни возила 15 лица се упатија кон Албанија, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштуваат од Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, земјата веднаш одговорила на барањето на Албанија преку европскиот механизам за цивилна заштита за праќање помош по силниот земјотрес и со одлука на грчкиот премиер испрати соодветна помош.

Кирјакос Мицотакис, утрово кусо пред да замине на средби со неговиот италијански колега во Рим на воениот аеродром во близина на Атина го посети делот каде што се наоѓаа и се подготвуваа пожарникарите за полетаат за Албанија.

-Се случи голем земјотрес, многу е важно секогаш да сме подготвени и да помогнеме онаму каде што е потребно. Посакувам да реагираме брзо и да спасиме животи. Тоа го првите со многу голема одговорност и со голема сериозност. Многу сме горди што имаме можност и оперативно да ѝ помогнеме на соседната земја, им рече грчкиот премиер на пожарникарите од Специјалната единица за справување со катастрофи, кусо пред нивното заминување за Албанија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com