23.8 C
Skopje
Friday, June 25, 2021

Грција им нареди на лекарите од приватниот сектор да помогнат во борбата против короната

Најчитани вести

Грција им нареди на лекарите од приватниот сектор во поширокиот регион на Атина да помогнат јавниот здравствен систем да се бори со растот на бројот на новозаразени со коронавирус, рече министерот за здравство Василис Кикилиас.

Владата претходно ги повика лекарите во приватниот сектор да помогнат бидејќи грчките јавни болници се преоптоварени поради зголемувањето на бројот на инфекциите, а на одделенијата за интензивна нега има сè помалку кревети. Наведе дека се потребни 200 лекари.

„Министерството за здравство со недели испраќаше повици, апелирајќи до приватните лекари да им помогнат на болниците за време на третиот бран на пандемијата ковид-19. За жал, многу малку дојдоа“, рече Кикилиас.

„Со оглед на вонредните услови… министерството за здравство им наредува на лекарите специјалисти, пулмолози и општи лекари да ги пружат своите услуги“, рече тој.

Грција во неделата забележа 1.514 нови инфекции, а 41 лице починало како последица на зараза со ковид-19.

Владата во април ќе започне да доставува бесплатни тестови на ковид-19 по принципот „направи сам“ за да го намали притисокот врз здравствениот систем.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести