10.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Грција згрозена: Пилот ја уби сопругата и го обеси семејното куче

Најчитани вести

Топ вест во Грција деновиве е убиството на Каролин Крауч (20), која има и британско државјанство.

Приказната е ударна во грчките медиуми, пренесува дописникот на еМагазин од Солун, а за нејзиното убиство е обвинет нејзиниот сопруг, грчкиот пилот, Бабис Анагностопулос (33), кој го призна истото.

Првично тој тврдеше дека станува збор за грабеж, а за да неговата приказна биде поверодостојна, го задавил, а потоа и го обесил и семејното куче Рокси.

За целто време додека траел наводниот грабеж, тој бил врзан, па неможел да ја спаси сопругата, тврдеше тој пред полицијата.

Убиството се случи утрото на 11 мај, а шокатно е дека тој цело време даваше изјави за медиумите, без да покаже речиси никакви емоции.

Каролин ја задушил додека спиела, а нивната 11-месечната ќерка, Лидија, била пронајдена како лежи покрај телото на мртвата мајка во нивниот приградски дом во Атина.

Задушувањето траело од пет до шест минути, стои во извештајот на судски вештак, пренесуваат грчките медиуми.

Анагностопулос вчера за прв пат се појави пред судот во Атина, а грчките медиуми пишуваат дека причина за убиството е најавата на Каролин дека ќе го остави, но дел од експертите посочуваат дека во оваа трагедија има уште многу неоткриени детали.

Интересно е и дека Анагностопулос бил приватен пилот на грчки и странски бизнисмени, па се претпоставува дека знаел многу работи за бизнисот во Грција.

Со Каролин се запознале кога таа имала 15 години, на грчкиот остров Алонисос.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com