25.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

Грција заплени руски танкер кој превезувал нафта

Најчитани вести

Грција денеска запленила руски нафтен танкер кај островот Евија како дел од санкциите на Европската унија против Русија, изјави претставник на грчкото Министерство за поморство.

Бродот „Пегазус“ под руско знаме со 19 руски членови на екипажот бил запленет во близина на крајбрежниот град Каристос во Евија.

„Тој беше запленет како дел од санкциите на Европската унија“, изјавил претставник на грчкото Министерство за поморство.

Претставник на крајбрежната стража изјавил дека бродот е запленет, но не и нафтата што ја превезувал.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com