10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

Грција задоволна од досегашниот тек на туристичка сезона

Најчитани вести

Одлично ја оцени ситуацијата со туризмот во Грција, портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на досегашната туристичка сезона.

Со оглед на тоа дека во земјата зголемен е бројот на нови случаи на Ковид-19 и дали ова има влијание врз туризмот, Иконому рече дека „на туристичките дестинации, не само на популарните, тешко се наоѓа соба“, додавајќи дека ова е важно не само за туристичкиот сектор, туку и за довербата што туристите ја имаат во земјата.

Во однос на ситуацијата со пандемијата во Грција, портпаролот на грчката Влада објасни дека следната седмица ќе биде соопштен владиниот план за справување со Ковид-19 за време на есенскиот и зимскиот период.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com