Грција денеска го имаше својот прв натпревар на Светското кошаркарско првенство и во принцип требаше да има лесна задача против Јордан, но на крајот се стави во ситуација да го вади најдоброто на крајот.
Нашиот јужен сосед одлично го отвори мечот и брзо создаде двоцифрена предност, но опуштањето во втората четвртина резултираше со неочекувано враќање на Јордан на само минус три.
Аутсајдерот парираше по малку и во третиот период, но во последната четвртина целосно се распадна и на крајот Грција забележа убедлива победа од 92:71.
Победи во првиот дел од саботната програма остварија и Бразил и Порторико, со тоа што селекцијата од Карибите имаше доста тежок меч.
Бразил го декласираше Иран со 100:59, додека Порторико после продолженија го совлада Јужен Судан со 101:96.