37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Грција ги крена граничните рампи за вакцинирани туристи

Најчитани вести

Грција ги грена граничните рампи утрово во 8 часот за вакцинирани туристи и луѓе со негативен тест за КОВИД-19. На овој начин, оние кои сакаат да патуваат ќе можат да го избегнат 7-дневниот карантин.

Грчките граници се официјално отворени,меѓутоа засега, патниците нема да можат да се движат низ земјата туку ќе бидат обврзани да одат само на местото каде што резервирале сместување.

Секој што патува за Грција мора да го пополни образецот PLF 24 часа пред да пристигне во земјата. Случајното тестирање на туристите ќе продолжи. Гостите ќе мора да се придржуваат до сите ограничувачки мерки што важат и за грчките граѓани.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести