33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Група Грци упаднаа во Министерството за здравство

Најчитани вести

Група од околу 60-70 млади лица рано утрово упадна во Министерството за здравство на Грција, фрлија летоци, закачија пано и извикуваа слогани за поддршка на барањата на Димитрис Куфодинас, осудениот терорист од организација „17 ноември“, кој веќе 42 дена штрајкува со глад, јави дописничката на МИА од Атина.

„Солидарност до борецот Димитрис Куфодинас“ и „Штрајк со глад во ќелиите за достоинство и слобода“, беа дел од слоганите што ги извикуваа откако влегоа во Министерството, а не ги спречија вработените да влезат во објектот за да стигнат на нивните работни места.

Упадот во Министерството за здравство на Грција, лицата го пренесуваа во живо на интернет.

Според грчките медиуми, приведени се 65 лица.

Димитрис Куфодинас, еден од лидерите на терористичката организација „17 Ноември“ е осуден на 11 доживотни казни, а на 8 јануари започна штрајк со глад и бара да биде префрлен во затворот „Коридалос“ во Атина.

По 40 дена штрајк со глад и над една седмица во болницата во Ламија, му се влоши здравствената состојба и од завчера е на Одделението за интензивна нега.

Куфодинас во декември од затворот во Волос беше пренесен во затвор со висока безбедност, а неговото барање е да биде префрлен во Атина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести