16.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

Грузија отвора почесен конзулат во Скопје

Најчитани вести

Во Скопје денеска ќе биде отворен почесен Конзулат на Грузија, како нов импулс во продлабочувањето на соработката помеѓу двете држави и народи во повеќе области по воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Грузија во 2019 година.

На отворањето се најавени обраќања на Тамара Лилуашвили, нерезидентен амбасадор на Грузија во Република Северна Македонија, со седиште во Софија и проф. д-р Марко Андонов, декан на Факултетот за правни науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје и почесен конзул на Грузија во земјата.

Ќе бидат присутни и претставници на деловната и академската заедница, МНР и дипломатскиот кор, како и државјани на Грузија кои живеат и работат во државава.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com