0 C
Skopje
Thursday, January 28, 2021

Груевски ја брани финансиската зона: Немавме намера таа да функционира како ‘оф-шор’

Најчитани вести

Експремиерот Никола Груевски преку статус на „Фејсбук“ ја коментираше замислата што ја имала неговата Влада за креирање на меѓународна финансиска зона во Скопје.

„Во некои медиуми прочитав текст со многу невистини поврзан со замислата на владата која ја предводев за креирање на меѓународна финансиска зона во Скопје. Текстот изобилува со многу неточни работи и информации, но ќе се осврнам само на најважните. Од првиот ден откако почнавме да разработуваме идеја за меѓународна финансиска зона, како економски тим имавме замисла дека финасиската зона нема да функционира на принцип на ‘оф-шор’. По тоа прашање немавме дилеми, како што немавме дилеми дека во никој случај зоната не смее да дозволи било што нелегално или компромитирачко, вклучувајќи било каква можност за перење на пари“, вели Груевски во статусот.

Тој додава дека идејата и визијата била да се привлечат мултинационалните финасиски компании, своите главни седишта да ги префрлат во Македонија и од тоа Македонија да има повеќестрана корист.

„Идејата беше со цел да добие кредибилитет и доверба, како и атрактивност, во зоната да важат финасиските и регулаторни закони на Англија, имаше и идеи да важат законите на Луксембург или комбинација од двете, иако повеќе преовладуваше Англија. Додадената атрактивност ќе беше што ќе понудевме прилично пониски даноци и севкупни трошоци од Англија, земја чии главен град е еден од најголемите финансиски центри во светот. Двете се земји членки на ЕУ, со законодавство усогласено со европските директиви и не сум слушнал дека се перални на пари или некакви оф-шор дестинации“, додава Груевски.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести