Груевски: Заев свесно манипулираше со судбини на луѓето за да ме оцрни

    0

    Експремиерот Никола Груевски на Фејсбук објави статус во кој вели дека Заев свесно манипулира со народот со цел да го прикаже во најлошо светло. Тој ја коментираше веста од „Инфомакс“ за новата „бомба“ за случајот со Мартин Нешковски каде за разлика од Заев во 2015 година, од профилот на Ел Чека беше објавен целиот разговор помеѓу него и Гордана Јанкуловска на руска социјална мрежа.

    „Свесно манипулираше со народот… Со семејствата на Мартин Нешковски, Никола Младенов, убиените деца кај Смилковското езеро, со искрените луѓе кои верува на се што слушаа и што им беше сервирано, но и со целата домашна и меѓународна јавност, домашни и странски медиуми и политичари.

    Монтираниот аудио матерјал за убиството на Мартин Нешковски имаше цел да биде најемотивната “бомба” чија “ експлозија” требаше да ги извади луѓето на улица, во шатори пред владата и да предизвика насилни протести со многу повредени полицајци, со цел колкуминација на политичката криза која ја создаде, пишува Груевски.