10.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Груби си вработил роднина во министерството со кое раководи

Најчитани вести

Артан Груби го приватизира ,инистерството, наместо по компетенции вработува роднини!?, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Со одлука на Груби од 21.03.2022 година на работно место самостоен референт за стратешко планирање, креирање на политики и следење, во Одделение за стратешко планирање, креирање на политики и следење е вработен Сезар Груби. Ова е директен непотизам, и во спротивност со Законот за спречување на корупција. Во министерството каде Артан Груби е министер, со негов потпис, се вработува неговиот роднина? ДКСК веднаш да го испита случајот и да се поништи одлуката за вработување. Груби, е синоним за тоа како врвот на ДУИ ги злоупотребува институциите за вработување на своите блиски луѓе. И додека граѓаните се соочуваат со егзистенцијални проблеми, со високи сметки за струја и парно, со покачени цени на горивата и основните животни намирници СДСМ и ДУИ работат за свој личен интерес, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com