14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Груби под рафална критика од јавноста за прославата на Рамковниот

Најчитани вести

И по две децении од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, тој ја бранува јавноста, бидејќи прославата ќе се одржи во време кога бројот на заболените од корона вирус забрзано расте, а во државата беснеат пожари. Првиот вицепремир и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби е под рафален напад од јавноста за бројот на повиканите гости на прославата која ќе се одржи во хотелот Александар Палас. Поканети се 300 гости во време кога Владата носи нови рестриктивни мерки за заштита од Ковид 19. За прославата ќе бидат потрошени 30 милиони денари.

-Во однос на тендереската постапка, се беше транспаретно, меѓународен тендер и се заврши со позитивно мислење на Бирото за јавни набавки. Цената е таа, но не мора да значи дека тоа ќе го исплатиме на крај затоа што се работи за настани што ги организираме веќе еден месец, а ќе продолжат и по 13 август. Не се работи само за 13 август, туку за повеќе и ќе видиме на крај кои се трошоците, но секако овој трошок нема да биде поголем од придобивката што ја имаме од Охридскиот рамковен договор, а тоа траен мир, инклузивно општество, земја во НАТО и со европска перспектива. Во тоа голем удел има и Охридскиот рамковен договор, рече Груби за Канал 5 ТВ.

Груби денеска во Државниот архив го достави оригиналниот примерок од Охридскиот рамковен договор, посочувајќи дека ниту една институција досега не поседувала ваков документ иако тој има седуммина потписници.

-Седум потписници има Охридскиот рамковен договор, пет лидери од нашата земја, и двајца странци Пердју и Леотар и ниту еден од нив немаше зачувано оригинална копија на Охридскиот рамковен договор. За среќа нашето неколкумесечно истражување беше успешно и идентификувајќи ги луѓето кои учествуваа, не само протагонисти од потпишување на договорот, туку и помошниците од страна успеавме да најдеме една од тие седум официјални веризии на Охридскиот рамковен договор што денеска ја поднесовме во државниот Архив, рече Груби.

Преговорите за Рамковниот договор кои траеја околу два месеци започнаа во Скопје, а продолжија во Охрид, каде завршија со потпишување на дакументот во претседателската резиденција во Скопје на 13 август 2001. Го потпишаа тогашнте лидери на најголемите политички партии во земјата Бранко Црвенковски на СДСМ, Љубчо Георгиевски на ВМРО-ДПМНЕ, Арбен Џафери на ДПА и Имер Имери на ПДП.
Потписници на Договорот, во својство на гаранти, беа и специјалниот претставник на ЕУ, Франсоа Леотар и специјалниот претставник на САД, Џејмс Пердју, кои учествуваа во преговорите.

Воениот конфликт во Македонија од 2001 година започна на почетокот од годината, меѓу Ослободителната народна армија (ОНА) и безбедносните сили на Република Македонија. Со Охридскиот договор беа унапредени правата на Албанците, но и на другите немнозински етнички заедници Турци, Бошњаци, Срби, Власи и Роми.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com