Home » Груби оствари средба со специјалните претставници на Словенија и Норвешка за Западен Балкан, Франгеш и Бјорнстад

Груби оствари средба со специјалните претставници на Словенија и Норвешка за Западен Балкан, Франгеш и Бјорнстад

by Журнал.мк

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денеска оствари средба со специјалните претставници на Словенија и Норвешка за Западен Балкан, г-дин Анжеј Франгеш и г-дин Арне Санес Бјорнстад.

Груби, Франгеш и Бјорнстад разговараа за европската перспектива на земјата, за успешно надминатите предизвици преку Охридскиот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, како и за важноста од одобрување на уставните измени и спроведување на сите потребни реформи за реализација на Евроинтеграциска аспирација на Северна Македонија.

Првиот потпретседател на Владата, Груби ги информираше специјалните претставници за Западен Балкан, Франгеш и Бјорнстад за посветеноста на Владата за натамошно зајакнување на развојниот пат на земјата во проевропски дух, за историскиот договор потпишан за изградба на Коридорот 8 и 10Д, кои се од големо значење за зајакнување на економската соработка меѓу земјите од регионот и значат исполнувањето на европскиот стандард на современа инфраструктурна интерконекција меѓу земјите.

Во текот на разговорот со Франгеш и Бјорнстад, Груби побара поддршка од Република Словенија и Кралството Норвешка во клучните моменти за европската иднина на земјата.

Исто така, специјалните претставници на Словенија и Норвешка за Западен Балкан ги искажаа позициите на нивните земји за поддршка на интеграциската аспирација на Северна Македонија во Европската Унија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk