7.8 C
Skopje
Friday, December 9, 2022

Гром ја оштети пистата на белградскиот аеродром и привремено ги стопира полетувањата и слетувањата

Најчитани вести

Полетувањата и слетувањата од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ денеска беа привремено прекинати откако пистата на аеродромот беше погодена од гром и оштетена, јави Радио-телевизија Србија (РТС).

„За време на силното невреме кое попладнево го зафати подрачјето на Сурчин, пистата на белградскиот аеродром беше погодена од гром и оштетена, па полетувањата и слетувањата беа привремено прекинати“,

соопштија од аеродромот „Никола Тесла“.По брзата интервенција на надлежните служби, штетата е санирана, а авиосообраќајот на аеродромот е нормализиран од 17:00 часот попладнево.

Вчера, во доцните попладневни часови Белград беше погоден од силен дожд, пропратен со електрични празнења.

Невреме имало и во градот Шабац во Срем, каде паднале 30 литри дожд на метар квадратен.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести