17.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Гром удрил во авион во кој била и Мајли Сајрус: Пејачката објави снимка

Најчитани вести

Авионот во кој била пејачката Мајли Сајрус, принудно слетал откако гром удрил во него и го оштетил.

Пејачката, која патувала на музички фестивал во Јужна Америка, напиша дека е на безбедно.

„До моите обожаватели и на сите загрижени луѓе кои слушнаа што се случи за време на мојот лет. Нашиот авион го зафати големо неочекувано невреме и го удри гром“, напиша Мајли на Инстаграм.

Пејачката сподели и снимка од невремето од прозорец на авионот и фотографија од оштетеното авионско крило.

„Мојата екипа, бендот, пријателите и семејството кои патуваа со мене се на безбедно после принудното слетување. За жал, не можевме да одлетаме во Парагвај“, додала таа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com