17.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

„Гробиштата на империите и нивните воени машини“

Најчитани вести

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан, го исмејуваше хаотичниот колапс на поранешниот авганистански режим, поддржан од САД.

Лиџијан сподели видео на кое Талибанците ги користат нивните „воени машини“ како лулашки.

„Гробиштата на империите и нивните воени машини. Талибанците ги претворија нивните авиони во лулашки и играчки“, напиша Лиџијан на Твитер.

Видеото што го сподели кинескиот политичар покажува како талибански војници врзуваат јаже за крилото на заробениот авион и го користат како лулашка.

Талибанците сега го контролираат речиси целиот Авганистан, како и огромен арсенал воена опрема и оружје запленети од претходниот режим.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com