Home » Грнчаров: Оваа голгота не ја посакувам никому, Вардар мора да се стабилизира!

Грнчаров: Оваа голгота не ја посакувам никому, Вардар мора да се стабилизира!

by Lina Muslija

Тренерот на ФК ВардарБобан Грнчаров во краток разговор со Gol.mk се осврна на актуелната ситуација и иднината на тимот, само два дена по промоцијата во Првата лига. Вардар успеа да се врати во елитниот македонски фудбал после две сезони минати во ВМФЛ, а тоа го направи на најдобар можен начин, со убедлива победа над Скопје со 3-0. 

Популарниот „Грне“ е презадоволен од изданието на своите момци, фасциниран е од нивната огромна жртва во текот на целата сезона и смета дека тие се најзаслужни за успехот на Вардар кој е во многу тешка финансиска состојба. 

„Навистина неверојатна сезона. Уште не можам да поверувам низ што сè поминавме како колектив. Момците беа феноменални и цела година „изгинаа“ на терените низ ВМФЛ. Вардар заслужи да се врати, Вардар секогаш треба да биде во самиот врв на македонскиот фудбал. Ситуацијата е претешка и многу ми е жал поради тоа. Секоја чест за „Комитите“ кои прават сè што можат да му помогнат на клубот, тие веќе во неколку наврати обезбедија поддршка за играчите, а сега се во преговори и со 12 општини кои евентуално би му помогнале на Вардар за следната сезона. 

Можам слободно да кажам дека претрпевме сè и сешто сезонава. Оваа голгота не би му ја посакал никому. Капа долу за сите што беа на највисоко можно ниво, момците не добија плата 12 месеци, а сите имаат фамилии за издржување. Не сум сигурен дали дел од нив ќе останат во Вардар доколку ситуацијата не се промени. Истото важи и за мене, многу би сакал да бидам предвоник на „црвено-црните“ и следната сезона, но клубот мора да добие соодветна поддршка од сите релевантни субјекти. Мислам дека никој од нас не би сакал уште една сезона да се соочува со истите проблеми што ги имавме годинава“, изјави тренерот Грнчаров. 

skopje-vardar-galerija.jpg

Вардар ќе има навистина тешка мисија за стабилизирање на клубот, навивачите се во очајна потрага по спонзори и субјекти што ќе ѝ помогнат на скопската гордост, а тренерот искрено се надева дека многу набргу Вардар ќе се врати онаму каде што припаѓа. 

„Се знае што е Вардар, не треба да се повторуваме во секоја изјава. Ова е најголемиот македонски клуб и мислам дека мора да има стабилен ростер и некаков нормален буџет за следната сезона. Најпрво да се средат проблемите со наталожените долгови, а потоа клубот да може нормално да функционира и повторно да се бори за титулата во ПМФЛ и излез во евро-куповите.

Тоа e местото каде што Вардар припаѓа секогаш, но за ова мислам дека може да бидат потребни и две-три години. Прво стабилизација на сите услови во клубот, за сите потоа да можат да се фокусираат на најважното, а тоа е фудбалот и борбата за највисок пласман“, заклучи Грнчаров.  

Најтрофејниот македонски клуб конечно се врати во Првата македонска фудбалска лига, но ќе мора сериозно да работи на задржувањето на екипата, а тоа ќе зависи најверојатно од условите што ќе има Вардар за работа. Оваа сезона и играчите и стручниот штаб покажаа како од срце се сака клубот и како може да се „гине“ на терените и без плата во текот на целата година. Вардар повторно е прволигаш, останува да видиме во каква кондиција управата ќе го пречека стартот на новата сезона.  

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk