10.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Грковска: Сите институциите се должни да ги објавуваат јавните набавки на своите веб страници

Најчитани вести

Сите буџетски корисници да ја унапредат транспарентноста во процесот на јавните набавки и сите податоци да ги објавуваат на своите веб-страници, предложи вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска на вчерашната владина седница.

Владата ги задолжи сите буџетски корисници и единки корисници во рок од 30 дена да креираат посебен дел (таб) на своите веб-страници насловен „јавни набавки“ и редовно да ги објавуваат следните информации и документи:
-Годишен план за јавни набавки,
-Огласи за јавни набавки (линк од објавата на ЕСЈН),
-Известувања за склучени договори (линк од објавата на ЕСЈН),
-Склучени договори и
-Известувања за реализирани договори (линк од објавата на ЕСЈН).
Како што соопштија од кабинетот на Грковска, Владата им укажува и на јавните претпријатија основани од државата и на акционерските друштва во државна сопственост, и им препорачува и на општините, како и на јавните претпријатија во општините и градот Скопје да го следат примерот за поголема транспарентност при спроведувањето на јавните набавки. На овој начин, според Грковска, јавноста ќе има брз, лесен, едноставен и разбирлив пристап до информациите за начинот на којшто институциите ги трошат буџетските средства преку јавните набавки.
„Брзата, лесна, едноставна и разбирлива достапност на овие информации за граѓаните ќе ја зголеми отчетноста на институциите и нивната одговорност во јавните трошења, а на граѓаните ќе им овозможи увид како и за што се трошат нивните пари“, вели Грковска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com