7 C
Skopje
Saturday, March 6, 2021

Грин: Иднината на земјата е во ЕУ и НАТО

Најчитани вести

Ние мислиме дека иднината на оваа земја лежи во Западот, во градењето на силни односи во Европа и да имате уште посилни врски со САД. Тие веќе се многу добри. Така што ние сме многу заинтересирани да работиме со Владата во развој на капацитетите и сѐ што е потребно за да може да стигнете до ЕУ. Се разбира да станете полноправна членка на НАТО. Да станете 30 членка на НАТО. Така што со нетрпение очекуваме да работиме со Владата на каков било начин да помогнеме на тој пат, вели во разговор за Радио Слободна Европа, Марк Грин, администратор на УСАИД. Според него, организацијата сака да работи со Владата во развој на капацитетите на земјата и во постигнување на самоодржливост.

Тој изрази надеж дека во земјава ќе се создадат услови за подобра иднина на младите.

  • Се надеваме дека ќе ѝ помогнеме на Владата да создаде можности тука во иднина. Очигледно е дека младите имаат големи соништа и секогаш ќе одат онаму каде што мислат дека може да ги остварат тие соништа. Тука гледам многу талент во младите луѓе и големи соништа на младите луѓе. Така што ние би сакале да се обидеме да најдеме начини да создадеме можности. Така што таа експертиза, тие соништа и тие искуства да може да останат тука и да бидат дел од градењето на иднината на земјава. Приватниот сектор создава можности кои може добро да се прилагодат на целите на Владата. Знаме дека Владата многу сака да создаде можности за вработување на млади луѓе. Исто така знаеме дека приватниот сектор е единствениот кој на долг рок создава одржливи можности за младите луѓе. Така што, ја имате владата и приватниот сектор, кои се залагаат за истите цели, кога може да работат заедно, кога може да ги надминуваат тие пречки кои можеби ги забавуваат инвестициите. Тоа е во интерес на сите – вели Грин.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести