4 C
Skopje
Tuesday, March 9, 2021

Гризман ќе игра со бројот 17, кој е „проколнат“ во Барса и многу играчи се изгореле

Најчитани вести

Француската ѕвезда Ентоан Гризман и официјално е нов член на Барселона, но не ја доби „седумката“ која ја носи Фелипе Кутињо, па го избра бројот 17, кој во Каталонија многумина го сметаат за „проколнат“. И веднаш навивачите поставија прашање, дали Гризман ќе успее да се избори со проклетството?

Французинот вчера беше официјално промовиран, откако во петокот Барселона преку адвокатите на Гризман ја активираа клаузулата од 120 милиони евра за да го земат од Атлетико Мадрид, една година откако офанзивецот реши да остане во шпанската престолнина, иако имаше веќе договорен трансфер.

Само двајца фудбалери од многумина што ја носеле 17-ката оставиле поголем белег во дресот на Барселона, а најголемиот дел биле – тотални разочарувања. Од фудбалерите што имаа успех со овој број беа Педро и Марк Ван Бомел.

Од тие што разочараа, последен во низата е Мурилјо, кој дојде зимоска од Валенсија и по шест месеци не доби шанса, па Каталонците го вратија на „Месталја“. Пред него, бројот 17 го имаше Пако Алкасер, резервата на Луис Суарез, а тој не остави никаков белег и потоа замина во Бурусија Дортмунд каде што експлодира.

Голема надеж на Барселона беше Мунир Ел Хадади, кој наместо ѕвезда тотално се изгуби, па Мароканецот брзо си замина, а сега се кае што заигра на еден меч за Шпанија и тоа против Македонија пред пет години, па немаше шанса да игра на СП за својата родна земја Мароко, лани во Русија.

Покјај нив, со 17-ката се изгореа и Александер Сонг, кој дојде како големо засилување од Арсенал, а испадна утка, како и Џовани Дос Сантош, мексиканската ѕвезда, која не се изнаигра и не го покажа сиот потенцијал кој му го предвидуваа.

На почетокот на 21-от век, со овој број играше и Кристанвал, како и Емануел Пети, ама и двајцата не покажаа ништо повеќе и останаа забележани како потпросечни засилувања на „Камп Ноу“.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести