23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Грешка – Mercedes повлекува над 1.000.000 возила

Најчитани вести

Mercedes-Benz ќе повлече 1.292.258 возила поради дефект во системот за итни повици.

Од редовите на германскиот автомобилски гигант утврдија дека во некои од нивните возила, одреден проблем со напојувањето на комуникацискиот модул во случај на сообраќајна несреќа ќе испрати погрешна локација.

Еден од директорите на Mercedes го изјави ова во интервју за Insider.

Тој исто така потврди дека другите функции на автоматскиот и рачниот систем за итни повици остануваат целосно оперативни и дека Mercedes-Benz US нема регистрирано никаков случај на материјална штета или повреда поради овој проблем.

Меѓу моделите на автомобили што ќе бидат повлечени се: CLA, GLA, GLE, GLS, SLC, A, GT, C, E, S, CLS, SL, B, GLB, GLC и G, објави Associated Press.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести