24.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022

Греми-наградите презакажани за 3 април во Лас Вегас

Најчитани вести

Церемонијата на доделување на наградите „Греми“ во чест на врвните музички изведби е презакажана за 3 април во Лас Вегас, соопштија во вторникот (18 јануари) Академијата за снимање и Си-би-ес, телевизијата што го пренсува настанот радиодифузерот.

Настанот требаше да се одржи на 31 јануари во центарот на Лос Анџелес, но организаторите го откажаа тој датум бидејќи омикрон-сојот на Ковид-19 предизвика нов бран инфекции.

Комичарот Тревор Ноа ќе биде домаќин на церемонијата, која ќе се емитува на телевизија и ќе се пренесува во живо од „МГМ гренд гарден арената“.

Номинациите за „Греми 2022“ беа објавени во ноември.

Џез-музичарот Џон Батист ја предводи трката со најглем број номинации. Листата се движи од рап до џез-музика и оддава признание на новите ѕвезди, како што е тинејџерската поп-сензација Оливија Родриго, а и ветераните, како Тони Бенет (95), кој го освои своето прво „Греми“ во 1963 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com