23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

,,Граѓаните чуваат во банките 4,3 милијарди евра“

Најчитани вести

Намалените каматни стапки влијаат, но не се решавачки фактор за домаќинствата во еврозоната да штедат по глобалната финансиска криза, покажала анализата на германската Централна банка. Истото важи и за нас, затоа што во последните години штедењето на домаќинствата стабилно расте. Паѓањето на каматите на депозитите не го намалува интересот на граѓаните за штедење.Трендот на денаризација продолжува и дури 60% од влоговите се во денари, што ја потврдува довербата во националната валута.

Двтон Нина Ангеловска-министер за финансии

,,Депозитите растат забрзано и на 30.09.2019 вкупните депозити изнесуваа 6,4 милијарди евра и забележаа годишен раст од 10,1% во однос на 2018 гпдина.Депозитите на населението во истиот период забележаа годишен раст од 9,3% и достигнаа 4,3 милијарди евра. “

Централната банка ги поттикнува домашните банки да нудат повисоки приноси на долгорочните депозити со оглед на значењето на долгорочното штедење за стабилноста на финансирањето на банките, но и за економијата, како извор за финансирање долгорочни инвестициски проекти,порача гувернерката на Народна банка Анита Ангелковска-Бежоска.

Двтон Анита Ангеловска-Бежоска-гувернер на Народна банка

,,За последните 3-4 години карактеристично е побрзо намалување на каматите на кредитите во однос на каматите на депозитите ,што придонесува за стеснување на каматниот распон.Споредено со Евроипскиот пазар приносите од штедењето во домашниот банкарски систем во голема мера се сеуште конкурентни ,а во основа се релативно и повисоки споредено со каматните стапки на штедните влогови во останатите земји од региноот.“

2/3 од парите на граѓаните се во банките,17% во пензиските фондови, 8% во пласмани во хартии од вредност и удели, а 1% во полиси за животно осигурување. Причини за ова, според Бежоска, се недоволно изградената инвестициска култура и послабиот интерес за вложување во акции и обврзници ,како и непријатното искуство со падот на цените на акциите и ограничената понуда на инвестициски инструменти.

На свеченото одбележување на Светскиот ден на штедење Фондот за осигурување на депозити соопшти дека неговото инвестициско портфолио надминало 17 милијарди денари и се работи на намалување на времето на обесштетување во случај на ризичен настан, од сегашните 20 на само 7 дена.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести