11.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Граѓаните „се отруени“ од прекумерната употреба на антибиотици

Најчитани вести

Граѓаните на Македонија користат многу антибиотици. Најмалку 17 од 1000 граѓани дневно користат антибиотици. Честопати пациентите вршат притисок врз лекарите да им препишат антибиотици, без оглед на тоа дали се тие неопходни за  нивната здравствена состојба. Официјалните бројки од Фондот за здравство посочуваат дека 1,75 милиони антибиотици биле пропишани во текот на 2018 година, бројка што е за 2% пониска од претходната година, меѓутоа властите велат дека и овој процент не е за поздравување.

Дел од анкетираните граѓани за  АЛСАТ велат дека користат антибиотици само по препорака на лекарот, додека други велат дека никогаш не користеле антибиотици.

“Никогаш не сум користел антибиотици во животот, дури и не знам кои се антибиотици”.

Повеќе од 70.000 луѓе ширум светот умираат секоја година од инфекции предизвикани од бактерии кои се отпорни на голем број антибиотици. Отпорните бактерии се откриени и во Северна Македонија.

Докторите предупредуваат дека секојдневното  миење на рацете и хигиена при подготовка на храната, би спречиле многу инфекции кои се лекуваат со антибиотици.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com