Home » Граѓаните револтирани од намалената казна за возачот кој ја прегази малата Магдалена: „Господ нека ни е на помош“

Граѓаните револтирани од намалената казна за возачот кој ја прегази малата Магдалена: „Господ нека ни е на помош“

by Журнал.мк

Не престануваат реакциите на граѓаните на денешната одлука на Апелацискиот суд кој ја намали казната на велешанецот кој во пијана состојба ја прегази малата Магдалена во Велес во декември лани и избега од местото на трагедијата. Апелациските судии му ја намалија казната за десет години на возачот Ангелчо Иванов кој беше уапсен по два дена од несреќата во која беше повредена и нејзината мајка.

„ Премногу сум разочарана, без возачка дозвола, во алкохолизирана состојба на пешачки премин, со брзина од 120 км/ч возење, ова е катастрофа. Ние немаме никакво судство, ништо немаме. Но, тоа што јас го кажувам секако ништо не менува“, вели мајката на настраданото девојче кое имаше само 11 години.

Реагираше и адвокатот Јанаки Митровски, настрана што како што вели тој на социјалните мрежи, предвидената казна е во рамки на законот.

„Не знам како да реагирам на намалената казна за Ангел Николов од 18 на 8 години. И двете казни се во рамки на предвидената казна(е ај да не бидат) но пресудата е шок за семејството и сол на рана.
Образложението е релативно оскудно, Апелација се држи на тоа дека е неосудуван, признал вина и ја забрзал постапката, изразил каење и ветил дека нема да се повтори. Судот е должен да цени признание на вина но каење е предмет на проценка. На очиглед на сите иако вербално искажано, кај обвинетиот немаше никакво каење, никаква емоција. Неговото ветување дека нема да го повтори делото пак малку што му значи на семејството. Лесна и земја на Магдалена. Пред некој ден загина млад човек чекајќи на пешачки и остави бебе сирак зад него. Сообраќајната култура во Македонија е на нула, возачки се земаат на жими мајка а државата игра улога исклучиво на пенализатор никако на едукатор и затоа сме каде сме. Господ нека ни е на помош!“, вели Митровски во својата реакција.

Она што ја згрозува јавноста не е само образложението на Апелацискиот суд кој вели дека Основниот суд во Велес кој донесе неправосилна пресуди од 18 години не ги проценил доволно сите олеснителни околности за возачаот.

А, кои олеснителни околности за човекот кој пијан на пешачки премин уби девојче и не се ни обиде да застане и да му помогне на детето и на неговата мајка, настрана што и неговото поведение од претходно за кое имало изречени и две прекршочни казни за забрана за управување со моторно возило затоа што бил фатен во пијана состојба не одат во прилог за намалување на казната. И покрај прекрошните казни, Николов, продолжил со непочитување на сообраќајните прописи и предизвика сообраќајка со кобни последици за која доби казна од 18 години, но никој не очекуваше дека Апелацискиот суд ќе ја намали на 8 години.

Но, еве што велат судиите од Апелација во своето писмено соопштение:

„Апелациониот суд Скопје информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-349/23 , а по изречена првостепена пресуда на Основниот суд Велес, донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот А.Н. од Велес, делумно се уважува. Согласно донесената одлука за сторено кривично дело: тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, од член 300 став 2 в.в. со член 297 1 од Кривичниот законик, на обвинетиот му се утврдува казна затвор во траење од седум години и шест месеци, а за кривично дело: Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, од член 301 став 1 од Кривичниот законик, веќе определената казна затвор со првостепената пресуда од една година се зема за утврдена, па со примена на член 44 за двете кривични дела му се изрекува единствена казна затвор во траење од осум (8) години“, вели Апелацискиот суд.

Ваквата одлука на судиите влева уште поголема недоверба во судството поготово што во случајов што ја потресе Македонија згасна невин детски живот на пешачки премин.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk