25.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

Граѓаните да бидат спокојни, има доволно гориво и стокови резерви, уверува СДСМ

Најчитани вести

Граѓаните да бидат спокојни, државата има задоволителна количина прехранбени производи, меѓу кои пченка и пченица, информираат од владејачкиот СДСМ.

Оттука наведуваат дека државата, институциите продолжуваат со редовно снабдување на државните резерви, а се разгледуваат и евентуални потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резервите.

Нема потреба од паника, велат од СДСМ, стокови резерви со храна и нафтени деривати има доволно.

„Владата предводена од СДСМ сериозно и внимателно ја следи ситуацијата, граѓаните да не подлегнуваат на манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ со кои нанесуваат штета на интересите на граѓаните и на државата“, се додава во партиското соопштение.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com