Home » Графити со рускиот воен симбол „Z“ на неколку локации во Битола

Графити со рускиот воен симбол „Z“ на неколку локации во Битола

by Журнал.мк

Неколку графити со буквата „Z“ забележани се во центарот на Битола, поточно на Широк Сокак и кај Кино Манаки.

Со користење на симболот „Z“ всушност се означува поддршка на руската воена инвазија на Украина, а го користеа многу активисти и влијателни лица кои застанаа на страната на Путин уште од почетокот на војната.

Истиот беше забележан и на протестите во некои земји каде народот и даваше поддршка на Русија.

Некои земји пак, како германската сојузна покраина Долна Саксонија веќе и забранија користење на овој руски воен симбол, а доколку некој ја прекрши забраната, законот предвидува парична казна или казна затвор до три години.

Симоболот „Z“ руските војници го користат на својата моторизација при нападите врз Украина, а тој буквално се претвори во симбол за поддршка на воената инвазија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk