-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Гранит Џака оди во Херта кај Клинсман

Најчитани вести

Швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака ги информирал своите соиграчи во Арсенал дека ќе си оди од „Емирати“ и ќе се врати во Германија, но во екипата на Херта, пренесува „Кикер“. Џака ја почна кариерата во Базел, а од 2012 до 2016 играше во Борусија Менхенгладбах од каде премина во Арсенал. Швајцарецот со албански корени има проблеми во последно време со навивачите и со управата, а поради тоа му беше одземена капитенската лента.

За него нема место во тимот кој од денеска го презеде Микел Артета па тој решил да се врати во Германија во јануарскиот преоден рок. Изборот е Херта која од неодамна почна да ја тренира некогашниот гермаски селектор Јирген Клинсман и кој најави многу подобри денови за берлинскиот клуб.

Засега не е познато како Херта ќе се обиде да го донесе Џака дали ќе плати 30 милиони евра или ќе го позајми па на лето да го откупи. Поизвесна е втората варијанта.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com