25.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

Гранатирани две згради во Киев

Најчитани вести

Во текот на ноќта украинската армија презеде офанзивни операции надвор од Киев, уништувајќи значителен број непријателска воена опрема и сила, изјави советникот на украинскиот претседател за внатрешни работи, Вадим Денисенко.

Додека украинската Служба за вонредни ситуации објави дека утрово во Киев се слушнале неколку експлозии, а во гранатирањето биле оштетени две станбени згради.

Станбена зграда од 12 ката во близина на центарот на Киев беше погодена од руско гранатирање рано утринава, предизвикувајќи пожар на неколку ката. Зградата во областа Шевченковски се наоѓа на само неколку километри од центарот Киев. Според првичните информации две лица се повредени, а 37 се евакуирани од зградата. Во нападот е оштетена и соседната деветкатница.

Украинските служби известија исто така дека од почетокот на руската инвазија врз Украина, во вториот по големи град Харков се убиени најмалку 500, соопшти денеска украинската државна служба за итни случаи.Харков е втор по големина град во земјата, со 1,4 милиони жители.Во повеќедневните гранатирања и напади врз градот уништени се многу згради.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com