21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Град Скопје ќе ги реконструира пристапните улици и влезот на болницата „8 Септември„

Најчитани вести

Комплетно ќе се реконструира влезот и пристапните улици на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Ќе се реновираа површина од 2.400 метри квадратни, а за градежните работи од буџетот на Градот се обезбедени околу 40.000 евра.

„Овој зафат е од исклучителна важност, бидејќи со истата се подобрува пристапноста до болницата ‘8 Септември‘ којашто уште од почетокот на пандемијата функционира како ковид-центар“, велат од Град Скопје.

Од таму велат дека минатата година беа реконструирани улиците во Клиничкиот центар, односно се изгради посебен влез за возилата на Брза помош, се изработи нов влез кај Инфективната клиника, се проширија влезовите кај Клиниката за стоматологија и на влезот на улица Белградска над Клиничкиот центар, а се реконструираа и двата постојни паркинзи кај Клиниките за хирургија и за гинекологија и акушерство.

„Во тек е и реконструкцијата на дел од улицата Загрепска, со што ќе се подобри пристапноста до Институтот за белодробни заболувања – Детската болница Козле, каде што функционира еден од ковид-центрите во Скопје, а за што Град Скопје издвои 10 милиони денари“, велат од Град Скопје.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести