Град Скопје ги потсетува уметниците да се пријават за патувачката Европска изложба

0

Град Скопје ги потсетува заинтересираните уметници од областа на визуелните уметности и уметноста на новите медиуми од Скопје дека остануваат уште дваесетина денови за да поднесат пријава за учество на Европската изложба во 2020 година, која се одржува во рамки на европскиот проект CreArt (Network of Cities for Artistic Creation).

Пријавата треба да се испрати најдоцна до 10 декември 2019 година (вторник) на следната адреса на е-пошта: adrijana.bozhinoska@skopje.gov.mk

Град Скопје во 2020 година е еден од трите града партнери кои ја организираат патувачката Европска изложба во 2020 година, редоследот по градови е следен:

– Авеиро (Португалија) од Мај до 28 јуни 2020 година;

– Џенова (Италија) во изложбениот салон на ,,Il Munizioniere inside Palazzo Ducale” од 13 јули до 22 август 2020 година;

– Скопје (Република Северна Македонија) во ЈУ Музеј на Град Скопје, од 25 септември до 30 октомври 2020 година.

Куратор и селектор на изложбата во 2020 година е Пиетро Дела Гиустина, роден во Парма, Италија, живее и работи во Клермон-Феран и Париз.