24.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Градска куќа продадена на ЕВН

Најчитани вести

ЕВН Македонија е новиот сопственик на Градската куќа на кејот на Вардар. Од Град Скопје информираат дека вчера успешно заврши електронската аукција, што, посочуваат, е првата постапка за продажба на објектот на Град Скопје, кој е лоциран под скопското Кале.

„Согласно со законските прописи, вчера се изврши електронско јавно наддавање со единствената компанија и е постигната почетната побарувана цена од Град Скопје во износ од 785.031.818 денари (12,7 милиони евра)”, соопштија од Градот.

Согласно со предвидените процедури од јавниот повик, ЕВНт треба во рок од 15 дена да ја уплати сумата, по што ќе следува потпишување на договор со кој ќе се заврши целата постапка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести