Home » Градоначалничката Арсовска не се смета за одговорна што Скопје може да остане без јавен превоз

Градоначалничката Арсовска не се смета за одговорна што Скопје може да остане без јавен превоз

by Журнал.мк

Градоначалничката Данела Арсовска не смета дека таа и новото раководство на Град Скопје и ЈСП имаат вина и се одговорни за тоа што Скопје може да остане без јавен превоз. Вработените во ЈСП „Скопје“ уште немаат земено плата за септември и ова не е првпат да им доцни платата, па поради тоа вчера се заканија дека нема да возат и со тоа јавниот превоз во градот ќе биде во колапс.

САКАМДАКАЖАМ.МК ја праша Арсовска како таа и новото раководство што го постави дозволија претпријатието да се доведе во оваа ситуација, со оглед дека клучните ветувања на изборите ѝ беа токму за јавниот превоз, односно бесплатен превоз за сите граѓани и 250 нови еколошки автобуси. Но, сега не само што не се реализараат тие ветувања туку се доведува во прашање јавниот превоз во Скопје. Директор на ЈСП „Скопје“ е Александар Стојковски.

„Поважно е прашањето како некој направил мултимилионски долгови во ЈСП за 4 години поради кои претпријатието е во критична состојба. За неколку месеци, директорот на ЈСП прави сè што може за консолидација на претпријатието што е соочено покрај со наследените милионски долгови и со 400% зголемување на енергенсите поради енергетската криза“, вели Арсовска.

Таа додава дека Скопје нема да остане без јавен превоз, бидејќи на вработените деновиве ќе им биде исплатена септемвриската плата.

Ооткако е дојдена на функција пред една година, Арсовска постојано се жали дека го наследила Градот и ЈСП во катастрофална состојба, со милионски долгови. Ексдиректорот на ЈСП „Скопје“ Кристијан Чушков вели дека обвинувањата на Арсовска не се точни и дека не може цел мандат да се жали на минатото раководство, туку треба да работи за да го реализира тоа што им го вети на граѓаните.

„По презамањето на претпријатието во 2017 наследивме долгови и неисплатени кредити. Во првите две години од моето работење, годината без завршена со позитивно салдо и тоа го покажуваат и финансиските извештаи. Вторите две години, за време на пандемијата на ковид-19, претпријатието се соочи со намален број на патници, немаше приливи и договорните обврски ни беа 2 милиона евра и тоа за горво. Такви договорни обврски за гориво претпријатието и сега има, но сега се многу поголеми. Ние само од кредит кој бил земен уште во 1996 година и никој не го враќал со години наследивме околу 6 милиони евра. За 4 години тој кредит беше целосно вратен“, вели ексдиректорот Чушков.

Градот во моментов им должи пари и на приватните превозници. Тие уште од почетокот на годинава почнаа да редуцираат линии бидејќи, како што рекоа, Градот не им ги исплаќа парите односно по 1 евра за километар. Чушков додава дека за време на неговиот мандат немале никаков долг кон приватните превозници и тие тековно биле исплаќани.

Возачите од ЈСП „Скопје“ вчера се заканија дека нема да возат и Скопје ќе остане без превоз ако до среда не добијат плата, а побараа од градоначалничката Арсовска да обезбеди пари за навремена плата и во наредните месеци, бидејќи не може секој месец да се доцни.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More