Синоќа во хотел „Мериот“, браќата Мартин и Стефан од „Некст Тајм“ синоќа имаа концертна промоција на нивниот нов музички албум насловен „Мајка“. Познатите близнаци одржаа мини концертна изведба на албумот и испеаа дел од песните кои се наоѓаат на овој албум.

Публиката се забавуваше на неколкуте преработки на македонски народни песни. Некст Тајм ги испеаа „Слушам кај шумат шумите“, „Нешто ќе те питам бабо“, „Кога падна на пирина“ и други. На сцената со нив настапи и Влатко Лозановски и заедно ја испејаа „Ја излези Ѓурѓо“ и уште повеќе ја подгреаа атмосферата.


Во публиката имаше на музички ѕвезди и политичари. Меѓу нив беа Перо Георгиевски Камиказа, а од политичарите можеше да се видат, градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и поранешниот пратеник Илија Димовски и претседателот на мото-клубот „Ноќни волци“ Ленин Јовановски.


