10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиљ, со подршка за Шилегов

Најчитани вести

Градоначалникот на Љубљана, главниот град на Словенија, Зоран Јанковиќ, со видеопорака во пресрет на локалните избори во недела, го поддржа актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат од СДСМ, Петре Шилегов.
„Драг колега Петре, ти посакувам сè најдобро на овие избори.

Градоначалничката работа не е лесна, но ако ја работиш посветено и со љубов, како што ти знаеш, тогаш успехот е неизбежен“, вели во пораката Јанковиќ.

ПОДДРШКА ОД ЗОРАН ЈАНКОВИЌ – ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЉУБЉАНА,

Убаво е кога знаете дека работата која успешно ја извршувате не поминува незабележано. Токму затоа ми е уште подраго и ми претставува неизмерна чест кога ќе видам дека добивам поддршка и од мои колеги, соработници и добри пријатели надвор од границите на нашата држава. Му се заблагодарувам искрено на градоначалникот на Љубљана, г-динот Зоран Јанковиќ за поддршката и се надевам дека и во периодот кој следи ќе продолжиме со соработката и размената на меѓусебни искуства на Љубљана и Скопје. #Најдоброто

Posted by Петре Шилегов on Thursday, October 14, 2021

Јанковиќ, на кого ова му е трет мандат на градоначалничката позиција во Љубљана, важи за еден од градоначалниците со најмногу спроведени зелени политики во Европа и човек кој во текот на годините успеа да ја трансформира Љубљана во еден од најзелените градови во Европа.

Љубљана во 2016-та година, додека Јанковиќ е градоначалник, беше избрана за носител на титулата Зелена престолнина на Европа, од страна на Европската комисија. Јанковиќ е одговорен што Љубљана воведе целосна трансформација од град во кој доминира автомобилскиот сообраќај, во град со многу зеленило, пешачки и велосипедски патеки.

Во време на Јанковиќ градот прави значителен напредок во управувањето со отпад и целосно се посветува на политиката за нула отпад. Три четвртини од целата територија на Љубљана се зелени области, каде во изминатата деценија се изведени 5 нови паркови и засадени се над 2000 дрва.

„Среќно и се надевам дека ќе бидеш и во иднина мој колега – градоначалник на Скопје“, завршува Јанковиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com