17.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

Градоначалникот на Чернихив објави видео од градот: На гробиштата нема повеќе простор, ги чуваме мртвите во мртовечници и ладилници

Најчитани вести

Градоначалникот на Чернихив, Владислав Атрошенко објави видео од автомобил кој минува низ градот и на кој се гледаат целосно уништени куќи, додека од некои од нив се уште извира густ чад.

Тој рече дека градските гробишта се полни и немаат каде да одат со мртвите.

-Градските гробишта немаат повеќе простор, па ги чуваме мртвите во мртовечници и ладилници подолго од вообичаеното. Ги закопуваме луѓето на стари гробишта кои не се користеле извесно време“, рече Атрошенко во видеото додека се вози низ градот.

На прашањето на лицето кое го снимило видеото колку лица загинале досега, градоначалникот рече дека градот не води статистика, но дека сите случаи ќе ги решава обвинителството.

„Тука имаше директен удар. Таму гори трактор“, рече тој.

„Во моментов сме во воена зона. Многу е опасно да се биде овде“, рече тој.

Чернихив со недели е под силен напад на руските сили

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com