20.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Градоначалникот на Нагасаки: Нуклеарното оружје е реална и присутна закана

Најчитани вести

Нуклеарното оружје е „реална и присутна“ закана откако Русија ја нападна Украина, изјави денеска градоначалникот на Нагасаки, на 77-годишнината од атомското бомбардирање што го опустоши јапонскиот град.

На 9 август 1945 година, Нагасаки беше зафатен од пекол во кој загинаа 74.000 луѓе, три дена по првиот нуклеарен напад на Хирошима во светот.

Два напади од страна на Соединетите Држави го забрзаа крајот на Втората светска војна и до ден денес Јапонија останува единствената земја која беше цел на атомско оружје за време на војната.

Но, во вторникот, градоначалникот на Нагасаки, Томихиса Тауе, алармираше.

„Во јануари оваа година, лидерите на САД, Русија, Обединетото Кралство, Франција и Кина објавија заедничка изјава во која потврдија дека нуклеарна војна не може да се добие и дека никогаш не смее да се води“, рече тој.

„Но, веќе следниот месец Русија ја нападна Украина. Заканите со нуклеарно оружје го потресоа целиот свет. Употребата на нуклеарно оружје не е неоснован страв, туку вистинска и актуелна криза“, рече градоначалникот на Нагасаки.

Тој предупреди дека ова оружје може да се активира и како резултат на погрешно проценување, дефекти или терористички напади.

Преживеаните од Нагасаки, јапонските и странските официјални лица одржаа тивка молитва во 11:02 часот, точниот момент кога атомската бомба беше фрлена врз јапонскиот пристанишен град.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com