17.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Градоначалникот на Мариупол: Во градот се убиени најмалку 10 илјади цивили

Најчитани вести

Градоначалникот на опколениот град Мариупол, Вадим Бојченко за новинската агенција Асошиетед прес синоќа изјавил дека најмалку 10. 000 цивили загинале во јужното пристаниште од почетокот на војната, пренесе Би-би-си.

Тој дал изјава за медиумите во која тврди оти улиците на градот се прекриени од мртви тела.

Притоа, посочил дека во Мариупол сè уште има околу 120 илјади цивили кои имаат итна потреба од вода, храна, лекарства.

Како што пренесува Би-би-си, Бојченко, исто така истакнал оти добил извештаи за Руси кои ги собираат телата и ги чуваат во ладилници во огромен трговски центар во градот.

Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја нема оружје неопходно за ослободување на Мариупол, кој беше блиску до освојување од руските сили.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com