37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Градоначалникот на Ваљадолид по мечот со Барса: Ова е кражба, невиден срам!

Најчитани вести

Многу врева во Шпанија се дигна по синоќешиниот меч меѓу Барселона и Ваљадолид. Меч во кој Барса победи со гол во 90.минута, по што гостите на сите можни начини реагираа после мечот и тврдат дека се драстично оштетени. Во дискусиите и дебатите општ заклучок е дека судијата на овој меч малку повеќе ја “турна“ Барса кон победата.

Па така свој коментар по мечот имаше и градоначалникот на Ваљадолид, градот од кој доаѓа овој клуб.

Неговото име е Оскар Пуенте, па така и покрај тоа што по професија е адвокат, тој не бираше зборови во своето излагање… а своите коментари во врска со судењето ги постираше и на социјалните мрежи.

“Ова е кражба, невиден срам. Сметам дека судија по мечот требаше да оди во соблекувалната на Барса и да ги теши играчите зошто малку им недостигаше да не победат. Никако не можам да прифатам дека немаше пенал за нас по играњето со рака на Алба. Тоа не е одлука која сега со носи во дел од секундата, сега има четири екрани, ВАР систем. Сега судиите имаат на располагање 4-5 минути да видат што навистина се случи. И пак не досудија пенал за нас. Очигледно е дека намерата на главниот судија да му помогне на еден голем клуб да победи против еден мал клуб беше очигледна“ посочи првиот човек на градот кој не ги криеше својот гнев и разочараност.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести