23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Градови кои опасно тонат: Дали за 100 години ќе постојат овие светски метрополи?

Најчитани вести

Судбината на некој град кој за 100 години нема повеќе да постои бидејќи потонал, звучи прилично тажно. Следните градови тонат, но нивните власти прават сè за да ја задржат „главата“ над вода, а дали ќе успеат во тоа, времето ќе покаже…

Џакарта Секоја година, главниот индонезиски град тоне. Причината за ова е прекумерно испумпување вода, а ако работите продолжат со ова темпо, до 2050 година голем дел од градот ќе биде под вода. Сепак, индонезиската влада наводно одобрила план според кој главниот град би се преселил подалеку од моменталната локација, но прашањето е како да се реализира тоа. Со тоа би се заштитиле 10 милиони жители од поплави, но целата работа би чинела повеќе од 32 милијарди долари и ќе трае 10 години…

Венеција

Италијанската убавица на сите нѝ е добро позната, а познати нѝ се сцените и снимките кога е поплавена. И покрај разните начини и техники со кои се обидуваат да го запрат тонењето, Венеција сè уште тоне, а пред неколку недели повторно се поплави. Во секој случај, веруваме дека иднината ќе донесе спас и дека туристите сепак ќе можат да уживаат во магијата на градот.

Хјустон

„Хјустон, имаме проблем!“. И овој град во Тексас тоне, а причината е наводно иста како и во Џакарта – прекумерно испумпување вода. За жал, се проценува дека колку градот повеќе тоне, толку поголеми се шансите дека ќе стане изложен на разни катастрофи како ураганот Харви кој расели десетици илјади луѓе.

Лагос

На некогашниот главен нигерски град исто така му се заканува потонување. Имено, се наоѓа многу ниско и се предвидува дека и благ пораст на нивото на морето ќе има катастрофално влијание врз него. Ако нивото на морето продолжи да расте поради глобалното затоплување, Лагос многу брзо ќе мора да смисли начин како да се одбрани.

Бангкок

Ситуацијата е далеку од идеална и во главниот град на Тајланд, кој веќе за 10-тина години би можел да се најде во неволја. Високите облакодери во Бангкок довеле до тоа ситуацијата на земјата да се нарушува сама од себе. Како ќе се реши тој проблем, ќе видиме за неколку години.


Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести